Манчестер Сити летово ќе се обиде да потпише нов договор со првата ѕвезда во тимот, Ерлинг Халанд.
Халанд има уште три години договор со „граѓаните“, но и откупна клаузула од 175 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа приоритет на Манчестер Сити е да потпише нов договор со голгетерот во кој ќе нема откупна клаузула.
Халанд во моментов заработува 375.000 фунти неделно, исто колку Де Брујне, но Сити ќе го направи далеку најплатен фудбалер во Премиер лигата.
Сити ќе му понуди нов договор со неверојатни 500.000 фунти неделна плата во обид да го заддржи на „Етихад“ и да ја тргне клаузулата во неговиот договор.