Дома Фудбал Халанд вчера се повредил на бизарен начин

Халанд вчера се повредил на бизарен начин

Во можеби најважниот натпревар во сезоната Борусија Дортмунд вчера изгуби од Баерн со минимални 0:1 и така веројатно се прости од трката за шампионската титула.

Борусија одигра натпревар за заборав, баварците беа подобар ривал и заслужено победија. Освен поразот жолто-црните ги загрижува и повредата на Ерлинг Халанд.

Талентираниот Норвежанец беше заменет во 72. минута, а неговата повреда дојде на навистина бизарен начин. Имено, Халанд претходно се судри со судијата Тобијас Стилер. Во таа прилика тој добил незгоден удар во коленото почуствувал болка и го напушти теренот.

Наскоро се очекуваат детали за повредата и можниот период на пауза. Во клубот од Дортмунд се оптимисти и веруваат дека не се работи за толку сериозна повреда и дека 19 годишниот фудбалер многу брзо ќе може да се врати на терен.

Од доаѓањето во Борусија Халанд одигра 14 натпревари и успеа да постигне 13 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…