Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Хаверц веќе го известил Челзи дека сака да игра во Лигата на шампиони и побарал да му биде дозволен трансфер.
Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а медиумите тврдат дека силен интерес за него покажува Баерн Минхен.
После лошата сезона Челзи на лето ќе прави реконструкција на тимот, па е спремен да слушне понуди за Германецот.