Тајсон Фјури ја одбрани светската титула во тешка категорија откако на „Вембли“ пред околу 100.000 навивачи го нокаутираше Дилијан Вајт во шестата рунда.
Фјури доминираше скоро во текот на целата борба, Вајт едноставно немаше решение за противникот кој беше расположение. Во шестата минута Фјури искористи едно невнимание и со страшен аперкат го испрати неговиот ривал на подот во рингот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вајт успеа да стане, но сепак немаше сила да продолжи, па судијата ја прекина борбата. За британскиот боксер ова беше 32. победа во кариерата во која има и едно реми.
Tyson fury KNOCKSOUT Dillian Whyte#FuryWhyte pic.twitter.com/X8CIo9zmjP
— BossmanBoxing™️ (@BoxingTweets3) April 23, 2022