Тајсон Фјури со судиска одлука го доби бокс мечот против Франсис Нгану кој се одржа во Саудиска Арабија.
На спектаклот во Ријад, Судиска Арабија, Фјури со одлика на судиите, со три поен предност го доби мечот со Френсис Нгану.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во третата рунда Нигериецот, инаку поранешен светски шампион во ММА, го прати на подот Британецот. Тоа беше само седми нок-даун во кариерата во кој се најде Фјури.
Но, и во продолжението на борбата, Нгану беше подобар, а Фјури во еден момент зададе и удар со лакт.
Поради тоа одлуката на судиите се смета како „скандалозна“, па славниот шампион малку фалеше да загуби од поранешниот УФЦ борец.