Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на денешната промоција на стратегијата „Обединети од фудбалот 2021-2025“, најави дека развојот на фудбалот во Македонија ќе продолжи и во иднина.
Стратегијата има седум столбови на која се базира стратегијата – имиџ и вклученост, партиципација, натпреварувања, елитен фудбал, приходи, инфраструктура и добро раководење.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во хотелот “Хилтон“ во присуство на голем број наши фудбалски легенди, медиуми, и познати спортски личности, прво на присутните им се обрати претседателот на ФФМ Муамед Сејдини.
„Во име на Фудбалската федерација на Македонија, се борам без отстапување за македонскиот фудбал да оди напред и да го одбраниме моделот кој носи успех. И покрај тешкиот период надвор од терените, со притисок од пандемијата кој предизвика досега невидени нивоа на изолација на глобално ниво, нашето фудбалско семејство никогаш не било по поврзано… Сега кога ги остваривме стратешките цели, можеме да се свртиме кон иднината. На дело покажавме дека се е можно, па да се дојде и до бараж за Мундијалот. Гледаме кон иднината, а за тоа доказ се успесите на репрезентациите“, истакна меѓу другото Сејдини.