Дома Фудбал ФФМ со апел до навивачите пред утрешниот дуел со Украина

ФФМ со апел до навивачите пред утрешниот дуел со Украина

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес излезе со апел до македонските фанови кои ќе присуствуваат на утрешниот меч од ЕП против Украина.

„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден“, стои во соопштението.

Алките за негативен Ковид 19 тест се обезбедуваат во акредитираните медицински центри на УЕФА, кои ги има на неколку локации во Букурешт.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…