По повод внатрешниот скандал кој ФФМ го пријави кај надлежните Фудбалската Федерација на Македонија објави официјално соопштение.
ФФМ во соопштението тврди дека одредени лица имаат намера да наштетат на кредибилитетот на федерацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на ФФМ.
„Како Фудбалска федерација на Македонија, секако не се чувствуваме спокојно откако го проследивме последниот текст во одредени медиуми и ги слушнавме изјавите на одредени лица, каде што директно се напаѓа нашето работење. Како транспарентна институција збунувачки е фактот кога одредени лица не клеветат за нешто за кое што ние самите сме пријавиле до надлежните институции. По пријава од страна на ФФМ и сомнение за проневера, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка која сеуште е во тек и било каква информација до медиуми од наша страна би била неодговорна и негативно може да влијае врз постапката. Во овој случај, единствено институциите се надлежни, а по расчистување на целиот процес, ФФМ ќе ги изнесе сите факти и документи кои беа доставени до надлежните. Во овој момент, не би сакале да шпекулираме со бројки и непотврдени информации, а ги поттикнуваме сите оние кои сметаат дека можат да помогнат на истрагата, да ги изнесат своите информации до Јавното Обвинителство, со што би му помогнале на процесот. Благодарност за загриженоста, но ја уверувам јавноста, посебно фудбалската дека нашето работење не е загрозено. Во моментот сме и ќе продолжиме да бидеме поттик и поддршка за сите национални репрезентации, клубови и воопшто, за целото фудбалското семејство. Се надевам и многу повеќе по расчистување на случајот “.