Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Лихтенштајн и со Србија

ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Лихтенштајн и со Србија

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека започна продажбата на билетите за натпреварите Македонија – Лихтенштајн, како и за младата селекција која на 6-ти октомври ја пречекува Србија.

Избраниците на Ангеловски на 9-ти октомври во Струмица ќе го одиграат последниот домашен натпревар во квалификациите за Светското првенство во Русија, а влезниците ќе бидат по симболична цена од 100 и 200 денари.

Влезниците за младата репрезентација на Македонија која домашниот натпревар ќе го игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе бидат по цена од 150 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Калпачки ја мина операцијата, Брегалница покрај него пред долгото закрепнување

Давид Калпачки успешно е опериран на десното колено, а соиграчите го посетија во болница. …