Дома Македонски спорт Мак фудбал Футсал репрезентацијата ќе одигра два пријателски натпревари против Црна Гора

Футсал репрезентацијата ќе одигра два пријателски натпревари против Црна Гора

Македонската футсал репрезентација утре (19:00 часот) и на 16. декември (17:30 часот) во С.Ц. Борис Трајковски ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

Селекторот на нашата футсал репрезентација, Васко Скендеровски за двете пријателски пресметки против црногорците ќе смета на следните играчи:


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами);

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (ФК Ликени, Косово), Адријан Мицевски (Штутгартер 2020, Германија);

Васко Скендеровски – селектор на македонската футсал репрезентација: 

– Очекуваме интересен натпревар против Црна Гора. Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат и ова се натпревари на кои шанса ќе добијат сите повикани за да го согледаме реалниот потенцијал со кој располагаме. Резултатот е важен пред сѐ заради подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство. 

– Добрите резултати од минатиот квалификациски циклус ни овозможија да бидеме еден барабан погоре во ждребот и ги избегнуваме предквалификациите. Имаме доволно време за подготовка, а за следните натпревари се надевам дека ќе бидеме комплетни со Даниел Де Соуса, Џокица Арсовски и Седат Зибери. 

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…