Дома Македонски спорт Футсал А репрезентација: Двомеч против светскиот првак Португалија

Футсал А репрезентација: Двомеч против светскиот првак Португалија

Македонската футсал репрезентација на 13. јануари и 14. јануари во Лисабон ќе одигра два контролни натпревари против футсал селекцијата на Португалија. 

Македонската репрезентација доби покана за двомечот против светскиот првак Португалија, селекција која се подготвува за настап на Европското првенство во Холандија кое започнува на 19. јануари. 


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нашата селекција денеска патува за Лисабон. Двата натпревари ќе се одиграат во спортскиот центар на Португалската фудбалска федерација. 

Во тимот на Македонија се вклучени следните играчи: Антонио Петровски, Иван Стојановски, Зоран Левески, Игор Леовски, Дарко Ранготов, Јакуп Рамадан, Мартин Тодоровски, Таулант Исмаил, Иван Крстевски, Еркан Сефери, Драган Петровиќ, Реџеп Сулејман, Ферид Агуши, Ѓокица Џо Арсовски;

Нашиот репрезентативец, Драган Петровиќ ќе го запише 100 настап во дресот на најдобрата македонска футсал селекција. Првиот меч ќе се одигра на 13. јануари со почеток во 09.00 часот, ден подоцна натпреварот е закажан во 18:45 часот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…