Репрезентацијата во футсал на Македонија денес назначи нов селектор.
ФФМ се огласи соопштение на својот официјален сајт каде што потврди дека ја прифаќа оставката на Иван Божовиќ и за нов селектор го назначува Васил Скендеровски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„ У.О. на ФФМ ја прифати оставката на Иван Божовиќ на местото селектор на македонската футсал А репрезентација;
– У.О. на ФФМ го назначи Васил Скендеровски за нов селектор на футсал А репрезентацијата на Македонија.
Васил Скендеровски беше предводник на футсал репрезентацијата од 2002. до почетокот на 2016. година. Футсал репрезентацијата на Македонија под водство на Скендеровски беше на чекор до пласман на Европско првенство 2015 година, а истата година гол разликата одлучуваше за пласманот на Македонија во бараж за Светско првенство. Со футсал тимовите на Скопје, Алфа Парф, Железарец и Велес има освоено 14 титули првак на Македонија“, стои во соопштението на ФФМ.