Дома Фудбал Останато Фудбалот креира фантастични животни приказни – Но, оваа на Мората е единствена!

Фудбалот креира фантастични животни приказни – Но, оваа на Мората е единствена!

morata

Често пати сме сведоци на неверојатни приказни кои ни ги креира фудбалот, но и воопшто спортот. Но веројатно онаа на шпанскиот напаѓач Алваро Мората е единствена.

Мората е „дете“ на Реал Мадрид, на два пати настапуваше во тимот на „кралевите“, но никогаш не доби вистинска прилика да биде предводник на нападот на гигантот од Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот за прв пат дел од првиот тим на Реал Мадрид стана во 2010 година и тука се задржа четири сезони, после што премина во Јувентус на позајмица од две две години. Токму, туку Мората ги поминуваше најдобрите денови во кариерата, но не само во фудбалската кариера туку и во приватниот живот.

Градот Торино полека стануваше негов дом, а Јувентус негово семејство. Самиот Мората неодамна изјави дека доколку не бил приморан никогаш не би го напуштил Јувентус, клуб со кој играше во финалето од Лигата на шампионите.

Но, оваа статија не е посветена на успехот на Мората во дресот на Јувентус, за тоа во друга прилика. Мората во Торино ја запозна жената на неговиот живот и тоа на навистина неверојатен начин.

Имено, како и едно од многуте вообичаени утра, Мората се појави на тренингот на својот клуб, а тукаа чекаа голем број навивачи да добијат автограм од својот миленик. Сигурно дека ниту самиот Мората не можеше да претпостави дека во тие фанови се крие и љубовта на неговиот живот.

Додека, Мората делеше автограми неговиот поглед застана кај една тогаш анонимна девојка и само еден негов фан. Токму таа девојка по име Aлиса Кампело подоцна стана и негова животна сопатничка.

morata

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …