Дома Фудбал Италија Фудбалот е СУРОВ! – Неодамна беше нивни ХЕРОЈ, а сега бараат да си замине!

Фудбалот е СУРОВ! – Неодамна беше нивни ХЕРОЈ, а сега бараат да си замине!

Колку фудбалот може да биде суров, ни покажува последниот пример од италијанската Серија А…

До пред само неколку месеци тренерот на Беневенто, Марко Барони важеше за вистински херој во овој град, но денес тој од херој се претвори во човек кој е непожелен во овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, овој мал клуб од Италија после 88 години успеа да се пласира во најдобрата италијанската лига, но резултатите се повеќе од разочарувачки. Она што изгледаше како остварување на сонот за навивачите на овој клуб, од недела во недела се претвори во вистински кошмар.

После девет одиграни натпревари, Беневето нема ниту еден освоен бод со гол разлика -20 и само два постигнати погодоци.

Весникот „Газета Дело Спорт“ пишува дека поради ваквите резултати, навивачите се разочарани од Барони, но управата сеуште му верува.

„Станавме тим со кој се шегува цела Европа“, „Иако го оствари нашиот сон на кој чекавме 88 години, време да заминеш. Знаеме дека чуда тешко се остваруваат, посебно после толку лош трансфер период, но очекувавме да собереме барем некој бод“, гласат коментарите на некои од навивачите после последниот пораз од Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…