Фудбалерот на Црвена Звезда, Марко Гобејљиќ за српски „Курир“ тврди дека Џердан Шаќири во текот на натпреварот на „Енфилд“ го навредувал на српски јазик.
Ливерпул и Звезда се сретнаа во текот на средината на неделата на „Енфилд“, во рамките од третото коло во Лигата на шампионите, а во следното коло овие два тима ги очекува нов натпревар овој пат на гости кај Звезда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во центарот на вниманието во тој натпревар јасно е дека ќе биде Џердан Шаќири, а фудбалерот на Звезда Гобејљиќ дополнително ги разгоре страстите со неговата последна изјава.
„Гледав да играм фудбал и што помалку да комуницирам со него. Тој е квалитетен играч, многу брз и има ниско тежиште, не е лесно да го чувате…Во секој дуел влегувам машки, на топка, а така беше и со Шаќири. После еден таков дуел ми испрати пцовки и тоа на српски, дури и ми се закани со прст. Му возвратив со иста мера, не останувам на никого должен.
После тоа не дојде на мојата, страна секогаш бегаше во средина. Не изгубив ниту еден дуел против него“, изјави Марко Гобејљиќ за српски „Курир“.