Дома Трансфер зона Фудбалер на Вулвс започнал штрајк, сака трансфер во Манчестер Сити

Фудбалер на Вулвс започнал штрајк, сака трансфер во Манчестер Сити

Фудбалерот од редовите на Вулвс, Матеус Нинеш Оливеира започна штрајк и одбива да игра за првиот тим затоа што управата на „волците“ ја одбил понудата од Манчестер Сити.

Нунеш два дена ги бојкотира тренинзите и стручниот штаб му подготвува дисциплинска мерка. Манчестер Сити за него испрати понуда од 55 милиони, но за Вулвс не беше доволна. Нунеш притска за трансфер, меѓутоа европскиот шампион е спремен да чека подобра понуда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според најавите на медиумите на Островот, Вулвс нема намера да го продаде за сума пониска од 70 милиони евра. Во Вулвс Португалецот пристигна минатото лето од Спортинг за сума од 45 милиони евра. Неговиот договр е со важност до 2027 година, а досега настапи на 41 натпревар.

Пред Спортинг настапуваше за Ерицериензе и Есторил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Размена помеѓу Барселона и Баерн?

Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јо…