Фудбалската асоцијација на Англија почна истрага против непознат фудбалер на Арсенал поради можното кршење на правилата за обложување.
Според „Атлетик“, букмејкерот ја информирал федерацијата дека се поставени „невообичаени“ суми на пари дека засега неименуваниот фудбалер ќе добие жолт картон во текот на мечот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е објавено името на играчот, ниту мечот на кој добил жолт картон, но навивачите на Арсенал веруваат дека знаат за кого станува збор.
Навивачите се „сигурни“ дека тоа е Гранит Џака, кој сезонава без никаква потреба доби жолт картон на натпреварот против Лидс јунајтед.
Швајцарскиот репрезентативец доби жолт картон поради задржување на времето на неколку минути пред крајот, и тоа при резултат 4-1 за Арсенал.
Вакви индивидуални облози на картони, корнери, изведувачи на аути, претставуваат голем проблем за фудбалските власти, бидејќи тука фудбалерите можат директно да влијаат на исходот на облозите.