Дома Фудбал Фудбалерот на Јувентус бил главен во скандалот со обложување, потрошил над еден милион евра во неколку месеци

Фудбалерот на Јувентус бил главен во скандалот со обложување, потрошил над еден милион евра во неколку месеци

Италија деновиве ја тресе голем скандал со обложување на фудбалери, а постојано се објавуваат нови информации на оваа тема.

Италијанската „Република“ објави дека Николо Фаџоли од Јувентус кој е еден од осомничените потрошил над еден милион евра во само неколку месеци.

Покрај него наводно во нелегално обложување се вклучиле неговите пријатели Тонали и Заниоло.

Имено, Фаџоли според информациите ги запознал со агенти за обложување, а преку нив тие отвориле платформи и почнале да се обложуваат. Ако се потврдат обвиненијата на фудбалерите им се заканува и суспензија од три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико има шанса за врвот, но Симеоне гледа само кон Леванте

Победа над Леванте може да го искачи Атлетико на првото место во Ла Лига. За Диего Симеоне…