Дома Фудбал Фудбалерот на Реал Мадрид ја продолжува низата: Шпанските власти ќе ги гонат Модриќ и неговата сопруга

Фудбалерот на Реал Мадрид ја продолжува низата: Шпанските власти ќе ги гонат Модриќ и неговата сопруга

Јавното обвинителство во Мадрид покрена обвинение против капитенот на хрватската репрезентација и првотимец на Реал Мадрид, Лука Модриќ поради затајување на данок од 870.728 евра во периодот од 2013. до 2014. година, пренесува Марка.

Како што се наведува, износот би можел да биде уште поголем бидејќи е утврдено дека Модриќ има тајна сметка на Островот Мен, помеѓу Велика Британија и Ирска, под контрола на британската круна, на која не се плаќа данок на добивка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така, обвинение е покренато и против неговата сопруга Ванја и нејзината фирма „Ивано САРЛ“ која е основана во Луксембург, а на која Реал и исплати милион и 600 илјади евра во 2013. и 2014. година на име на користење на маркетиншки права.

Порано денес, левиот бек на Реал, Бразилецот, Марсело  ја призна вината пред шпанските власти и ќе плати само 490.000 евра.

Модриќ и Марсело ја проолжуваат низата фудбалери во Шпанија кои затајувале данок, како, Лео Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Фалкао, Алексис Санчез, Анхел ди Марија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …