Дома Фудбал Фудбалерот на Баерн го исполни ветувањето кое го даде по победата од 8:2 против Барселона

Фудбалерот на Баерн го исполни ветувањето кое го даде по победата од 8:2 против Барселона

Иако сега ќе наполни 21 година Алфонсо Дејвис уште сега е еден од најдобрите леви бекови во светот.

Дејвис во овој момент настапува за Баерн каде што доживеа целосна играчка афирмација, а со овој клуб веќе успеа да ја освои и Лигата на шампионите. На патот до титулата таа година Баерн во еден неверојатен натпревар ја победи Барселона со 8:2. За Канаѓанецот еден момент од тој меч е посебен.

Лионел Меси е идол на Дејвис и во текот на натпреварот Аргентинецот му пружи рака да му помгоне да стане,

„Лионел дојде и ми помогна да станам. Засекогаш ќе се сеќавам на таа сцена. Ќе си ја урамам таа фотографија“, изјави тогаш Дејвис.

Сега на една негова објавена фотографија во позадина може да се види дека Дејвис навистина го направил она што го ветил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…