Дени Марви (47) беше англиски фудбалер чија кариера траеше од средината на деведесеттите до 2013 година. Играше за Ливерпул, Чарлтон, Тотенхем, Фулам и Блекбурн. Како играч од средниот ред забележа девет настапи и постигна еден гол за англиската репрезентација.
Откако се пензионирал, станал зависен од кокаин, што го призна во подкастот на Бен Хит.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кога повеќе ќе го немате фудбалот, проблемите стануваат огромни. Играњето фудбал, адреналинот и допаминот ве одржуваат фокусирани“, изајави Марфи, кој со Ливерпул го освои Купот на УЕФА, Суперкупот на Европа, ФА Купот, два Лига купа и еден англиски Суперкуп.
“Имав фаза од животот кога во исто време конзумирав кокаин и пушев трева. Со алкохолот немав проблем можев да живеам и без него, можев да имам алкохол во мојот дом и да не пијам“, зборуваше Марфи, а потоа призна дека бил зависник од кокаин.
„Дојдов до точка когам мислев дека не можам да правам ништо без него. Беше навистина глупаво“, призна Марфи.
Низ таквите проблеми поминал во една година, а ги решил со терапија.