Дома Фудбал Останато Фудбалерите се налутија: Ќе ја тужат ФИФА!

Фудбалерите се налутија: Ќе ја тужат ФИФА!

Меѓународниот сојуз на фудбалери, ФИФпро, поднесе официјална жалба до Европската комисија против ФИФА поради зголемениот број на натпревари, што според нив го загрозува здравјето на играчите.

Во жалбата се нагласува дека пренатрупаниот календар ги прекршува европските закони за натпреварување и сериозно ги нарушува условите за работа на фудбалерите, кои се соочуваат со прекумерен физички напор и недоволно време за опоравување.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Сити и Шпанија, Родри беше отворен во критиките кон ФИФА за неговиот исцрпувачки распоред пред да се здобие со сериозна повреда што го оддалечи неколку месеци.

ФИФпро, исто така, силно го критикуваше проширувањето на Светското клупско првенство, кое ќе вклучува 32 тима во 2025 година, а дури 46 екипи во 2026 година, што дополнително ги оптоварува играчите.

Претседателот на ФИФпро Европа, Дејвид Териер, истакна дека ФИФА ги игнорира гласовите на фудбалерите кои се темел на целата индустрија и ја обвини организацијата дека го загрозува нивното здравје во потрага по дополнителни приходи.

„ФИФА одбива да ги слуша играчите и да соработува со фудбалерите чија работа е основа на целата индустрија во која сме вклучени сите – создавање на омилената форма на забава за европскиот, но и за светскиот пазар. ФИФА ги загрозува затоа што ги изложува нивните тела на тешки напори. Ги послушавме играчите, долго време ги добиваме истите поплаки – тие се принудени да играат премногу и немаат доволно време за соодветно закрепнување. Затоа многумина одлучија да зборуваат јавно пред најтешката од сите сезони досега“, изјави Терирер.

ФИФА се уште не се изјаснила за оваа тужба која би можела значително да го промени текот на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…