Дома Фудбал Англија Фудбалерите на Челзи ги чека голем бонус ако победат во двете финалиња

Фудбалерите на Челзи ги чека голем бонус ако победат во двете финалиња

Во Истанбул ќе гледаме англиско финале, на 29. Мај на „Ататурк“ стадионот ќе се сретнат Манчестер Сити и Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред европското „сините“ ќе имаат уште едно финале, а тоа ќе биде во ФА Купот против Лестер на 15. мај. Доколку Челзи слави во двете финалиња тогаш фудбалерите и стручниот штаб ќе поделат бонус вреден 11 милиони фунти. Веќе заработија пет милиони со тоа што го елиминираа Реал во полуфиналето, дополнителни пет ќе заработат ако слават на Сити во финалето, а еден за победа на „Вембли“ во финалето од ФА Купот.

Во Челзи бонусите ќе бидат поделени подеднакво, додека во Сити ситуацијата е поинаква. Кај „граѓаните“ играчите имаат индивидуални договори со клубот околу бонусите, па така на Де Брујн ќе му припадне цел милион ако Сити победи во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид мерка тинејџер кој утре можеби ќе ја испише историјата на стартот на Мундијалот!

Утре започнува Светското првенство, кое ќе го отворат домаќинот Мексико и Јужна Африка. Зо…