Tимот на Црвена Звезда вчера направи огромен успех елиминирајќи го австриски Салцбург во плеј-офот за влез во Лигата на шампионите.
Звезда иако губеше со 2:0, за две минути успеа да постигне два погодоци и да изедначи на 2:2, резултат кој им беше доволен да ги одведе во групната фаза поради ремито 0:0 во првиот натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За остварениот голем успех фудбалерите на Звезда ќе добијат и големи парични награди.
Иако не е официјално српските медиуми успеаа да стигнат до првите информации.
Имено, се наведува дека секој фудбалер на Звезда ќе добие бонус од 80.000 евра.
Иначе, ждрепката за групната фаза во најелитното европско натпреварување е закажана денес за 18:00 часот.