Дома Фудбал Фудбалерите на Борусија ќе одат на психијатар!

Фудбалерите на Борусија ќе одат на психијатар!

Првиот оперативец на Борусија Дортмундм Ханс Јоаким Вацке смета дека фудбалерите на Борусија Дортмунд треба да посетат психијатар.

Како што наведува Вацке според него пострауматскиот стрес поради терористичкиот напад е причината поради која Борусија не може никого да победи во Бундеслигата и Лигата на шампионите.

На 11 април пред натпреварот против Монако тимскиот автобус на „милионерите“ беше мета на терористички напад. После овој напад дефанзивецот, Марк Бартра заврши во болница на операција поради скршена коска, а еден полицаец беше хоспитализиран.

„Не треба да го потцениме пострауматскиот стрес кој неколку месеци по нападот би можел да земе замав. Можноста за стресот да се јави по шест или седум месеци е голема. Побаравме помош од стручни лица“, истакна Вацке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…