Фудбалерите на Атлетико Мадрид во вчерашното дерби налутија голем дел од своите фанови кои присуствуваа на „Ванда Метроплитано“ каде што одиграа 1:1 против градскиот ривал.
Натпреварот во второто полувреме беше во прекин 15-тина минути поради нереди кои ги предизвикаа фановите кои беа сместени зад голот на Тибо Куртоа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атлетико до бод стигна со голот на Анхел Корера во последните моменти, а по последниот судиски свиреж играчите на „јорганџиите“ тргнаа токму кон фановите зад голот.
Таквиот потег не се допадна на големиот дел од публиката во останатио дел од стадионот. Тие не можеа да разверат поради што ги поздравија токму навивачите кои испровоцирани од нивниот поранешен голман предизвикаа прекин на натпреварот.