Репрезентативките на Србија го завршија учеството на Европското првенство, а претседателката на Собранието Ана Брнабиќ во гостување за една телевизија со национална фреквенција откри интересна приказна која како да ги „импресионираше“ нашите асови.
Поранешниот премиер на Србија истакна дека избраниците на селекторот Драган Стојковиќ на континенталниот шампионат отпатувале со хрватски авион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тоа е вистинска приказна. Срамота, Вучиќ беше крајно лут. Имаме своја Ер Србија и сите патуваме со таа компанија. Кога ќе слета авионот, можете да ја видите Ер Србија и тоа е нашата гордост“, изјави Брнабиќ гостувајќи на ТВ Хепи.
Таа изјави дека за тоа не се разговарало во претходните денови за да не се префрли фокусот на јавноста од поддршката за фудбалската репрезентација на други теми и оти смета дека тоа е правилна одлука.