Дома Останати Фред Керли е новиот светски првак на 100 метри🎥

Фред Керли е новиот светски првак на 100 метри🎥

Американецот Фред Керли е нов шампион во највозбудливата спринтерска дисциплина 100 метри.

27-годишниот Американец покажа дека ја донел вистинската одлука да се префрли од дисциплината 400 метри на 100 метри и го освои златниот медал на Светското првенство во атлетика во Јуџин (САД).

Со сребрен медал се закити Марвин Брејси, а бронза има Трејвон Бромел, а разликата помеѓу првите тројца беше минимална.

Керли стигна на целта со време 9,86 секунди, додека Брејси и Бромел беа побавни за две стотинки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…