Неодамна Легендарниот Тиери Анри изјави дека Зинедин Зидан нема да се врати на тренерската работа за да преземе некој клуб, а изгледа дека бил во право.
Зидан се споменуваше како можен нов тренер на Јувентус ако Алегри добие отказ, но тогаш Анри изјави дека не очекува Зидан да се врати во клупскиот фудбал. Славниот напаѓач најави дека Зидан ја чека клупата на француската репрезентација и тоа е единствениот предизвик за кој сака да се врати на фудбалот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И изгледа Анри беше во право. Францускиот новинар Сержи Валентин објави дека Зидан дефинитивно ќе го наследи Дешам во репрезентацијата во Катар.
Според неговите информација Зидан ќе седне на селектороската функција по завршувањето на Светското првенство во јануари 2023 година. Зидан беа ангажман е подолго време, откако го заврши вториот мандат на клупата на Реал Мадрид.
Самиот Зидан исто така со своја изјава пред неколку недели ги подгреа шпекулациите кажувајќи дека наскоро ќе се врати на фудбалот во тренерска улога.