Дома Топ вести Француската надеж го одби Реал: Па јас сум сеуште дете!

Француската надеж го одби Реал: Па јас сум сеуште дете!

18-годишниот Килиан Мбапе игра извонредно оваа сезона во дресот на Монако и претставува вистинска сензација во француската лига.

За Мбапе се интересираат многу европски гиганти, а тој пред француските медиуми се пофали дека го одбил големиот Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Па јас сум сеуште дете. Одеднаш имав прилика да разговарам со најголемиот француски фудбалер на сите времиња, Зинедин Зидан! Беше многу пријатен со мене и ме убедуваше да му се приклучам во Реал Мадрид. На крајот не дојде до трансфер бидејќи јас сакав да останам во Франција“, изјави младиот напаѓач.

Мбапе оваа сезона има 13 настапи за Монако на кои постигна 6 гола, а фудбалските експерти се сигурни дека станува збор за новата ѕвезда на светскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …