Дома Фудбал Останато Француската легенда за триото на ПСЖ: Сите тројца се егоисти

Француската легенда за триото на ПСЖ: Сите тројца се егоисти

neymar mbape kavani

Легендарниот француски фудбалер Жан-Пјер Папен жестоко го критикуваше напаѓачкото трио на Пари Сен Жермен.

Освојувачот на „Златната топка“ од 1991 година смета дека Нејмар, Мбапе и Кавани би морале повеќе да се посветат на тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тие не се херои туку егоисти. Без оглед на статусот кој го имаш секогаш мораш да бидеш во служба на тимот. Зошто во Ливерпул сите играчи можат да играат во одбраната? Квалитетот не е спорен, но мораат да бидат повеќе посветени, така сите би имале корист од нивниот квалитет“.

„Не е важно кој колкава ѕвезда е. Проектот на клубот е освојување на Лигата на шампионите, ако тоа не го разберат самите фудбалери, никогаш нема ниту да успеат во таа цел“, изјави Папен.

Ќе потсетиме, ПСЖ во првото около од Лигата на шмпионите запиша пораз од Ливерпул на „Енфилд“ со резултат 3:2. Во претходните две сезони настапот во Лигата на шампионите го завршуваа во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…