Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети изјави дека аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси би требало на крајот од сезоната да го напушти Пари Сен Жермен.
Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а навивачите на клубот од Париз му испраќаа свирежи во натпреварот против Олимпик Лион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Слушам многу критики кои велат дека Меси се шета по теренот. Меѓутоа, Меси е диригент на оркестарот, тој управува со соиграчите. Свирежите од навивачите кои се упатени кон Меси се навреда за фудбалот. Тој на крајот од сезоната треба да го напушти ПСЖ“, изјави Пети кој некогаш играше за Монако, Арсенал, Барселона и Челзи.
Пети во карирата со Франција го освои Светското првенство во 1998 година и европското во 2000.
„Проблемот на ПСЖ не се играчите како што се Меси и Нејмар. Мораш да знаеш како да ги искористиш. Погледнете ја Аргентина која Меси го опкружи со војници. Тие беа спремни и да го дадат својот живот за Меси. Тоа ме потсети на времето кога игравме со Зидан во Франција. Не можев да му кажам да се врати назад, туку тоа морав јас да го правам за тој да управува со оркестарот“, порача Пети.