Aко им веруваме на француските медиуми трансферот на Килијан Мбапе е се повеќе извесен.
Агенцијата „АФП“ денес објави дека Мбапе испратил соопштение во кое истакнува дека никогаш не преговарал за продолжување на соработката по 2024 година и дека нема ништо против да замине и ова лето, ако ПСЖ сака да го продаде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мбапе наводно се обидел да го убеди ПСЖ да го продаде за да не замине наредното лето бесплатно. Како дополнување на „АФП“, „Ле Парисиен“ објави дека сите клучни услови се исполнети, а тие се:
– Мабпе сака само во Реал Мадрид и сите лични услови се договорени.
– ПСЖ се согласил да го продаде, но за најмалку 150 милиони евра.
– Реал Мадрид спремил пари и сака Мбапе да биде замената за Бензема.
Меѓутоа преостанува финалната рунда на преговори, а како што стојат работите Флорентино Перез нема намера да ја пропушти оваа прилика и да доведе идеална замена за Бензема
И самиот Мбапе сметал дека ослободеното место од Бензема е совршен момент да го оствари својот сон и да заигра за Реал.