Дома Фудбал Лига на шампиони Французите по дебаклот жестоко удрија по Енрике, а тој тврди: Резултатот не беше реален

Французите по дебаклот жестоко удрија по Енрике, а тој тврди: Резултатот не беше реален

Пари Сен Жермен вчера претрпе тежок пораз од Њукасл во Лигата на шампионите (4:1). За ПСЖ ова беше најтешкиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите уште од 2004 година.

Летово ПСЖ го напуштија Меси и Нејмар, но задржан беше Мбапе, а пристигнаа фудбалери како: Дембеле, Асенсио, Гонзало Рамош...Сепак, на теренот тимот игра далеку под очекувањата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кулминација на лошата форма дефинитивно беше вчерашниот најтежок пораз во групната фаза од елитното европско натпреварување во последните 19 години. По дебаклот најмногу е критикуван тренерот Луис Енрике кој одлучи да започне со четири напаѓачи.

„Дрскоста да игра на „Сент Џејмс Парк“ со четворица напаѓачи и двајца во средниот ред не донесе резултат. Најголемо иненадување е тоа што Енрике не промени ништо и покрај тоа што неговиот тим имаше огромни проблеми на средината од теренот“, објави „Л’Екип“, оценувајќи го Енрике со слаба 3 на скала до 10.

Слични се и заклучоците на „Ле Паризиен“.

„Луис Енрике е главниот виновник за ова фијаско. ПСЖ не стори ништо и се мачеше во текот на сите 90 минути“.

Критики Енрике доби и од поранешниот фудбалер Даниел Риоло кој гостуваше во емисија посветена на натпреварите од ЛШ.

„Кој игра вака во Европа?! Овој систем е сра*е! Се прави луд и се обидува да измисли нешто, но играта е катастрофа. На сите им беше јасно дека противникот има огромен простор за игра“, изјави Риоло.

Од друга страна Енрике смета дека резултатот не бил реален во однос на играта на теренот.

„Овие натпревари се тешки за нас тренерите. Почнавме добро, се справивме со притисокот на Њукасл, Дембеле имаше шанса. Да бидам искрен мислам дека резултатот не е реален. Му честитам на Њукасл за победата, но овие 4-1 се незаслужени. Дали е ова клучен меч во битката за првото место во групата? Не знам“, изјави шпанскиот стратег на прес-конференцијата по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…