Легендата на Барселона и камерунскиот поранешен напаѓач, Самуел Ето е номиниран од „Франс Фудбал“ за место во најдобриот тим на сите времиња.
Изненадувачки 39 годишниот напаѓач се најде помеѓу кандидатите за позицијата десно крило. Иако многумина би биле среќни да бидат номинирани, на Ето му засмета што тој е сместен на позицијата десно кирло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ви благодарам на номинацијата, но на таа позиција играв една или две сезони, 25 години бев центарфор. Ова е непочитување“, напиша Камерунецот на Твитер.
Покрај Ето помеѓу номинираните за десната крилна позиција се: Дејвид Бекам, Џорџ Бест, Луис Фиго, Жаирзињо, Гаринч, Кевин Киген, Лионел Меси, Арјен Робен и Стенли Метју.
Merci,
— Samuel Eto'o (@setoo9) October 19, 2020
Mais j’ai joué 1,2 saisons sur la droite (pourtant j’ai 25ans de carrière comme avant centre)
Le manque de Respect.@francefootball N’IMPORTE QUOI! pic.twitter.com/2vmb0uuhIl