Дома Македонски спорт Мак ракомет Франција сепак пресилна за Македонија

Франција сепак пресилна за Македонија

Македонската ракометна репрезентација со убедлив пораз (29-39) од Франција ги започна настапите на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франција славеше пред повеќе од 53.000 гледачи, откако организаторите привремено го претворија стадионот „Меркур шпил арена“ во Диселдорф во ракометен центар.

Македонија играше добро на почетокот на натпреварот, па дури имаше и водство од два гола (10-8), а парираше се до 20-та минута, кога Франција влезе во ритам и ги искористи грешките на македонските ракометари за водство од 17-13 на полувреме.

Иако голманот Никола Митревски беше расположен и во второто полувреме, сепак грешките во нападот продолжија, а тоа и овозможи на Франција постојано да го зголемува водството до конечни 29-39.

На 14 јануари во Берлин, Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот Германија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …