Дома Топ вести „Франс Фудбал“ му удри „шамар“ на Меси – ова никој не го очекуваше!

„Франс Фудбал“ му удри „шамар“ на Меси – ова никој не го очекуваше!

11 голови и две асистенции во девет натпревари не беа доволни за најугледниот фудбалски магазин во светот да го сврсти Меси барем во резервите во идеалниот тим на ЛШ.

„Франс Фудбал“ го избра идеалниот тим на сезоната во ЛШ во формација 4-3-3 и тоа без Аргентинецот. Во тимот имаше место само за еден играч на Барселона, а тоа е Нејмар. Него друштво во нападот му прават Кристиано Роналдо од Реал Мадрид и Пауло Дибала од Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Средниот ред го сочинуваат двајца фудбалери на Монако, Лемар и Фабињо, а тројката ја комплетира плејмејкерот на Реал, Лука Модриќ.

Одбраната е комплетно составена од фудбалери на двата финалисти, на голот е Буфон, а во четворката пред него се најдоа Дани Алвеш, Бонучи, Серхио Рамос и Марсело.

Интересно е што Меси го нема ни меѓу резервите: Тер Штеген (Барселона), Манџукиќ (Јувентус), Бензема (Реал), Мбапе (Монако).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видиќ или Ван Дајк? Џон Тери нема дилеми!

Од доаѓањето на Вирџил ван Дијк во Ливерпул се појавија бројни статистики и споредби со Не…