Дома Македонски спорт Мак фудбал Фото: Хуманитарна акција на фудбалерите на Победа

Фото: Хуманитарна акција на фудбалерите на Победа

Пред почетокот на денешиот тренинг на стадионот на Могила фудбалерите на Победа ја прифатија поканата на македонскиот иселеник од Мелбурн Австралија Тони Момировски да се потпишат на дресови кои ќе бидат понудени на аукција меѓу македонците во овој австралиски град. Ова не е прва акција што ја организира Момировски.

Во јуни организирал аукција од која со прибраните средства се искористени за набавка на медицинска опрема за Детската клиника која ќе биде доделена во понеделник на 21-ви август.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дресовите со потписите на фудбалерите на Победа ќе бидат ставени во рамка и ќе бидат предмет на аукција меѓу македонската заедница во Мелбурн престојната есен, а прибраните средства повторно ќе бидат наменети за
хуманитарни цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…