Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се пофали со поклонот кој го доби од Кристиано Роналдо.
Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ растеше гледајќи вистински идол токму во Роналдо, а тие подоцна станаа и вистински пријатели.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Да потсетиме, пред неколку недели Рашфорд се пофали дека Роналдо му испратил нови „Nike Air Max CR7“ патики, а денес напаѓачот доби дрес од Реал Мадрид со потписот на Португалецот.
„За Маркус, продолжи да работиш напорно“, гласи пораката од ѕвездата на Реал Мадрид до 20 годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.
Ваквите подароци и поклони сигурно се мотив повеќе за Рашфорд да продолжи да работи напорно со цел да направи кариера како на својот идол или пак барем приближно таква.