Лионел Меси е една од главните теми во текот на репрезентативната пауза поради проблемите со мускулот.
Првата ѕвезда на Аргентина го пропушти натпреварот против Италија, а до денес беше и под знак прашалник за натпреварот против Шпанија во Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси денес го одработи целосен тренинг, а репотерот на „Ас“ успеа да го фотографира и листот на кој најверојатно беше запишан стартниот состав за натпреварот против „фуријата“.
Доколку ова е составот, Меси во вторник во натпреварот кој започнува во 20:00 часот против Шпанија на теренот ќе биде од првата минута.
Тоа значи дека Меси се опоравил, поточно се одморил, бидејќи се верува дека во претходните денови надвор од теренот беше поради претпазливост.
?? يبدو ان ليونيل ميسي سيكون اساسياً ضد اسبانيا وفقاً للورقة التي ظهرت في يد سامبولي بـ تدريبات اليوم pic.twitter.com/CFgLG44ROf
— FCB World (@FCBW_A7) March 25, 2018