Се уште нема официјално известување од клубот, но според однесувањето на Димитрис Јанакопулос извесно е дека тоа ќе се случи.
Евролига без Панатинаикос? Да, можно е веќе од наредната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Димитрис Јанакопулос, иначе претседател на Панатинаикос е казнет оваа сезона од страна на Евролигата со забарана за присуство на натпреварите во ова натпреварување, но забраната ја прекрши веќе на првиот натпревар против Олимпијакос.
Јанакопулос на навредлив начин ги коментираше навивачите на Фенербахче, следуваше казна после што размислуваше за референдум на кој би било одлучено дали ПАО и понатаму ќе игра во Евролигата.
До референдум не дојде, но Јанакопулос и управата на Панатинаикос денес имаа состанок со челниците на Евролигата и не постигнале договор.
„Панатинаикос се враќа таму каде што кошарката секогаш секогаш требаше да биде…Крај“, гласеше текстот под сликата со логото на ФИБА.