Дома Фудбал Италија ФОТО: Навивачите на Милан го одбија дресот на Донарума!

ФОТО: Навивачите на Милан го одбија дресот на Донарума!

Џанлуиџи Донарума уште минатото лето го наруши односот со навивачите на Милан, а тоа што се случи на последниот меч во Бергамо само покажува дека врската меѓу фановите и младиот голман е комплетно уништена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, по завршувањето на мечот со Аталанта Донарума им се приближи на навивачите и сакаше да им го подари дресот, но тие одбија да го земат неговиот дрес.

Донарума последните неколку дена е мета на големи критики поради неговите грешки во финалето на Купот на Италија, како и на вчерашниот меч против Аталанта.

Навивачите сметаат дека за сето тоа е виновен неговиот агент Мино Раиола, кој постојано шпекулира со неговата иднина, што создава немир кај младиот голман, па оваа сезона направи многу грешки на теренот.

Навивачите уште пред неколку месеци го условија да се откаже од неговиот агент, а бидејќи Донарума одби да го направи тоа тие комплетно му го свртеа грбот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…