Дома Македонски спорт Мак фудбал Фото: Македонските фанови му оддадоа почит на Новески

Фото: Македонските фанови му оддадоа почит на Новески

Германски клуб Мајнц вчера се збогува со Николче Новески кој за овој тим настапуваше подолго од една деценија, а во меѓувреме ја доби и капитенската трака.

Во својата долгогодишна кариера Новески одигра повеќе од 300 натпревари за германскиот клуб, па клубот одлучи на начин на кој што доликува на еден капитен да се прости од својата легенда.

Ревијалниот натпревар беше предводен од двајцата екс тренерит на Македонецот, легендарниот Јирген Клоп и Томас Тухел.

На опрошталниот натпревар на Новески секако беа и македонските фанови кои живеат и работат во Германија.

Благодарност за фотографиите кои ни ги испратија!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ристовски со хет-трик го предводеше Илинден до осма победа во низа

Илинден го совлада Кул со 5-0 и остана со максимален учинок во скопската Трета лига. Давид…