Дома Топ вести ФОТО: Ако дојде Нејмар, Барса ќе има атомски напад следната сезона!

ФОТО: Ако дојде Нејмар, Барса ќе има атомски напад следната сезона!

Една од екипите кои би можеле да направат фантастичен трансфер период е Барселона.

Каталонците зад себе имаат уште една сезона во која не успеаа да ја освојат Лигата на Шампионите. Испаднаа во полуфиналето од Ливерпул и тоа е четврта година по ред како Барса не игра во финалето од ова натпреварување. Токму поради тоа Каталонците прават се во овој трансфер период за да ја засилат екипата за Барса повторно да стане фаворит број еден во Лигата на Шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Парите не се штедат па клубот до сега го засилија голманот Нето, дефанзивецот Емерсон, играчот за врска Френки де Јонг и напаѓачот Антоан Гризман. Со недели се шпекулира и за враќање на Нејмар, а ако тоа навистина се случи, тогаш Барса ќе го има најверојатно најсилниот напад во историјата на фудбалот, барем по имињата на играчите.

Најофанзивната линија на екипата ќе ја прават Гризман, Меси, Суарез и Нејмар. Останува да видиме во следните денови дали Нејмар навистина ќе ја оствари желбата и ќе се врати на „Камп Ноу“, а доколку тоа се случи, тогаш Каталонците ќе изгледаат вака:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …