Дома Фудбал ФОТО Жестока расправија помеѓу Анчелоти и Винисиус на сред натпревар

ФОТО Жестока расправија помеѓу Анчелоти и Винисиус на сред натпревар

ВИНИСИУС ЖУНИОР, најголемата ѕвезда на Реал, се врати по четири натпревари неиграње поради повреда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти му го даде последниот половина час во победата над Лас Палмас (2:0) во седмото коло од Ла Лига.

Но, враќањето на асот на Реал го одбележа вербална пресметка со тренерот на сред натпревар и гневните погледи кои си ги разменија. Ова не се виде во преносот, но камерите ги уловија сите споменати ситуации.

„Морате да играте поотворено! му викна Анчелоти на напаѓачот незадоволен од неговата поставеност.

Винисиус налутено му одговорил: „Па, што сакаш од мене?!“ укажувајќи на тоа како е поставен тимот. За да не може да игра како што бара тренерот затоа што го поставил тимот на таков начин што тоа е невозможно.

Незадоволен од тоа, Анчелоти се врати на клупата, од која стана кога Бразилецот повторно го налути и му рече: „Не можеш така, не можеш да играш така!“

Набргу потоа мечот заврши, а камерата ги фати Анчелоти и Винисиус како поминуваат меѓу себе без да се поздрават.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР не „спиеше“ на натпреварот, ФИФА објави фотографии и ја реши најголемата контроверзна (Фото)

Една од најконтроверзните ситуации на тековниот дел од Светското првенство продолжува да п…