Дома Фудбал Фото: Донарума утре ќе ја промени историјата на Серија А

Фото: Донарума утре ќе ја промени историјата на Серија А

„Бисерот“ на Милан, Џанулиџи Донарума утре на мечот против Наполи ќе слави голем јубилеј, 100-то натпревар за „росонерите“ во Серија А.

Со тоа Донарума ќе стане најмладиот фудбалер во историјата на италијанскиот фудбал кој запишал 100 натпревари во Серија А.

Имено, Донарума ќе стигне до „стотката“ со само 19 години, 1 месец и 23 дена и ќе го собори рекордот на легендарниот Џани Ривера кој до 100-от меч во Серија А стигнал на 19 години, 5 месеци и 9 дена.

За каков талент станува збор најдобро говори фантот што Донарума ќе ги претекне најголемите имиња во италијанскиот фудбал како Силвио Пиола, Паоло Малдини, Франческо Тоти…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ двоен стрелец во Битола: Силекс останува во трката за нов куп-трофеј

Силекс го елиминира Пелистер со 3:0, со три погодоци пред паузата. Бранителот на трофејот …