Пјер-Емерик Обамејанг престојува во луксузна вила во Лондон во местото кое е наменето само за најбогатите луѓе во градот.
Габонскиот напаѓач во Арсенал добива плата од 180.000 фунти неделно и секако дека има доволно средства за да си дозволи луксуз за кој обичните луѓе можат само да сонуваат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој во вилата живее со својата девојка Алиша Бехагуе и нејзините две деца, но постои мал проблем, поточно „слатки маки“. Како што пренесуваат англиските медиуми, Обамејанг е во проблем бидјеќи не може сите автомобили да ги смести во гаражата.
Да потсетиме, тој поседува неколку скапи автомобили и сигурно му треба поголем простор кој сега во вилата го нема.
Сепак, не треба да се сомневавме дека Габонецот и тој проблем брзо ќе го реши.