Финалето од Лигата на Шампионите не само што ни го донесе новиот шампион на Европа, туку донесе и некои незамисливи сцени.
Една од тие е кадарот од телевизијата „Bein Sport“ на која во исто време беа Жозе Мурињо и Арсен Венгер. Двајцата големи ривали често имаа судири на теренот, но и надвор од него, меѓутоа вчера фудбалот ги смири, бидејќи беа на заедничка задача во давање стручни коментари во врска со натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Камерата фати интересен момент на кој може да се види дека Французинот „препишува“ од Португалецот. Многумина ќе речат дека тоа е разбирливо, бидејќи Мурињо два пати ја освојуваше титулата најдобар во Европа, нешто што Венгер не успеа да го направи во својата тренерска кариера.
Едно е сигурно, станува збор за големи стратеги.
Fair play to Jose Mourinho and Arsene Wenger – putting their hatred of each other aside to get paid hundreds of thousands of pounds to attend the Champions League final together. #UCLFinal pic.twitter.com/QJM8MBAaCf
— FootballJOE (@FootballJOE) June 1, 2019