Дома Фудбал Англија Фото: „Боксинг деј“ 1963 овие резултати се „ЛУДИ“- Јунајтед и Барнли утре повторно на „Боксинг деј“!

Фото: „Боксинг деј“ 1963 овие резултати се „ЛУДИ“- Јунајтед и Барнли утре повторно на „Боксинг деј“!

england

Резултатите од англиската прва лига на „Боксинг  деј“ 1963 се навистина неверојатни, на 10 натпревари беа постигнати дури 66 погодоци.

Многумина веројатно и знаат , но во пресрет на „Боксинг деј“ во Англија да се потсетиме на еден неверојатно „луд“ ден.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Англиската лига важи за една од најлудите во светот, но ниту Англичаните веројатно не можеа да го очекуваат она што се случило во 1963 година.

Фудбалерите во Англија на овој ден веројатно малку повеќе се опуштија. Резултатите беа неверојатни, Барнли го победи Манчестер Јунајтед со 6:1, Фулам славеше против Ипсвич со огромни 10:1, Вест Хем беше поразен од блекбурн со 2:8, а Вест Бромвич и Тотенхем ремизираа во натпревар во кој беа видени осум погодоци…

Интересно е што Манчестер Јунајтед и Барнли утре повторно ќе се сретнат на популарниот „Боксинг деј“.

Вкупно фудбалските фанови на овој ден можеа да видат 66 погодоци на десет натпревари, единствено Евертон и Болтон не постигнаа погодоци, тоа беше вистински празник на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…