Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски не може да поверува што главниот судија на натпреварот против Севиља не досудил прекршок по неговиот дуел со Габриел Меркадо.
Полскиот фудбалер објави фотографија на Инстаграм и се „пофали“ со повредата која ја доби, но додаде и коментар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не е прекршок“.
Не беше тоа единствен дуел на Левандовски. Во 65 минута доби жесток удар по кој остана подолго да лежи на тревникот, но собра сила да стане и да го продолжи натпреварот.
Натпреварарот на крајот заврши без погодоци 0:0, а Баерн обезбеди пласман во полуфиналето благодарение на победата од 2:1 во првиот натпревар.